klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Еве каква е состојбата на патиштата

Еве каква е состојбата на патиштата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 06:12:37

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничнитe премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti