ЕУ воведе санкции против ирански судии и основачка на кибергрупа

Советот на Европска Унија соопшти дека воведува санкции против пет ирански судии поради наводи за кршење на човековите права, како и за основачката на кибергрупа обвинета за помагање на иранскиот режим во задушување на информации. Воведени се санкции против Иранката, Нима Салехи, која е основач на кибергрупата „Ашијане“, која одржува тесна соработка со кибер полицијата и со Корпусот на исламска револуционерна гарда. Во соопштението на ЕУ не се наведени имињата на санкционираните судии. Во време кога Техеран ја интензивира репресијата во земјата, ЕУ ќе продолжи да ги смета одговорните за виновни, објави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас на платформата Икс. ЕУ досега има воведе санкции против 269 лица и 53 поврзани правни субјекти. (МИА)


