klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

ЕУ препорача ограничување на социјалните мрежи за деца под 13 години

ЕУ препорача ограничување на социјалните мрежи за деца под 13 години
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 12:17:26

Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите на интернет откако Австралија одлучи да ја забрани употребата на социјалните мрежи од страна на лицата под 16 години на крајот од 2025 година. Експертите препорачаа децата под две години воопшто да не користат социјални мрежи. Од 13-годишна возраст, тинејџерите постепено треба да добијат понезависен пристап до социјалните мрежи соодветни на возраста, рече Јерг Фегерт, коавтор на извештајот и медицински директор на Одделот за детска и адолесцентна психијатрија во Универзитетската болница во Улм. Неколку земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Шпанија, Грција, Германија и Австрија, имаат намера да воведат законска забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници до одредена возраст. Но, секој обид за воведување ограничувања на возраста на платформи како ТикТок, Инстаграм и Снапчет веројатно ќе бара акција на ниво на ЕУ, бидејќи Европската комисија е задолжена за спроведување на правилата за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti