ЕУ пратеници со ултиматум до Рама: ИЛИ ЕУ ИЛИ ТРАМП!

Tуристичкиот комплекс поврзан со Џаред Кушнер, зетот на претседателот на САД Доналд Трамп, може сериозно да го искомплицира евроинтегративниот пат на земјата доколку властите продолжат по сегашниот курс. Вака холандската европратеничка Тинеке Стрик го предупреди албанското раководство. Стрик ја предводеше мисијатa на Европскиот парламент за утврдување факти во Албанија. Таа го спомна проектот вреден 1,4 милијарди евра за луксузен комплекс. – Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции да се приклучи на ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп „Жал ми е, ЕУ е мој врвен приоритет“. Тие во моментов го загрозуваат процесот за кој толку многу се грижат. Тие си играат со оган – рече Стрик во интервју за „Гардијан“. Според европратеничката, продолжувањето на проектот може да испрати погрешна порака во чувствителен период за пристапните преговори на Албанија со Европската Унија. Брисел бара промена на курсот Европратениците ја повикаа албанската влада да ја преиспита својата политика и да покаже дека европските правила имаат предност пред спорните инвестициски планови. Според нив, случајот станува тест за тоа колку Тирана е подготвена да ги спроведува обврските што произлегуваат од процесот на пристапување кон Европската Унија. Противењето на проектот веќе предизвика…


