ЕУ одобри вклучување на Велика Британија во обезбедувањето на заем од 90 милијарди евра за Украина

Советот на Европска Унија денеска објави дека го одобри Велика Британија да се вклучи ви заемот од 90 милијарди евра за Украина. Ова значи дека Киев ќе има поширок избор на добавувачи на воена опрема, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Заемот ѝ обезбедува на Украина 60 милијарди евра оваа и следната година за инвестиции во одбранбената индустрија и купување одбранбена опрема, како и 30 милијарди евра директна економска и буџетска поддршка. Со денешната одлука, Лондон се обврзува да обезбеди фер и пропорционален финансиски придонес кон трошоците за заемот. На крајот на јуни, Европската комисија му ја одобри на Киев првата транша од заемот – 8,1 милијарда евра, а до крајот на годината планира да обезбеди вкупно 28,3 милијарди евра за одбрана. ЕК ги повлече средствата од меѓународните пазари, а износот ќе го вратат земјите од ЕУ кои сакаат да го направат тоа. Одлуката за заемот ја донесе Европскиот совет во декември минатата година откако не беше постигнат договор за финансирање на Украина со руски замрзнати средства. (МИА)

![[KVIZ] Samo rijetki mogu imati sve točne odgovore na zahtjevnim pitanjima iz geografije](https://net.hr/media/2026/07/20/1560719/H-448a04e3-cb02-45a7-a6cc-2d8187398785-1200.webp)
