klik.world
Region Sjeverna Makedonija

ЕУ одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за поддршка на реформите во Босна и Херцеговина

ЕУ одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за поддршка на реформите во Босна и Херцеговина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 07. 2026. 18:41:23

Европската Унија одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за Босна и Херцеговина, во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот 2025–2027 година, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во БиХ. „Европската Унија останува најдоследниот партнер на Босна и Херцеговина“, порача Делегацијата на ЕУ во Сараево во објава на социјалната мрежа „Икс“, потврдувајќи дека институциите на Унијата ја одобриле финансиската поддршка за земјата. Претходно годинава Советот на министри, а потоа и тричленото Претседателство на БиХ, го ратификуваа договорот со Европската Унија. Средствата се наменети за поддршка на БиХ во усогласувањето со правилата и стандардите на Европската Унија. Тие ќе бидат искористени за проекти во областа на економскиот развој, реформите во јавната администрација и институциите, управувањето со миграцијата, одржливото земјоделство и прехранбениот сектор, како и за други области значајни за процесот на приближување кон членството во ЕУ. ИПА III е главниот инструмент преку кој Европската Унија финансиски ги поддржува земјите кандидати и потенцијалните кандидати во спроведувањето на реформите поврзани со пристапниот процес. Целта е зајакнување на институциите, подобрување на управувањето со јавните политики, зголемување на конкурентноста на економијата и постепено усогласување на законодавството и практиката со правото на Европската Унија. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti