ЕУ ќе воспостави хуманитарен воздушен мост со Венецуела

Европска Унија ќе воспостави хуманитарен воздушен мост за да обезбеди брза поддршка на Венецуела по минатонеделните два големи земјотреси, при што загинаа најмалку 1.450 луѓе. Првиот лет е закажан во наредните денови и ќе носи околу 50 тони помош. ЕУ обезбеди пет милиони евра хуманитарна помош, при што средствата главно ќе бидат наменети за обезбедување сместување и здравствена заштита. Европска комисија наведе дека Венецуела, претходно оваа година, добила 52 милиони евра од ЕУ за справување со хуманитарните последици од социо-економската криза. ЕК соопшти добила понуди од 11 земји-членки на ЕУ за обезбедување спасувачи и лекари по земјотресите. Изминатите денови, спасувачи од Италија, Шпанија, Австрија, Италија, Луксембург, Белгија и Естонија пристигнаа во Венецуела за да ја поддржат потрагата по преживеани.


