klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЕУ испраќа помош во Венецуела по разорните земјотреси

ЕУ испраќа помош во Венецуела по разорните земјотреси
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 06. 2026. 11:14:11

Европската комисија соопшти дека испраќа итна помош во Венецуела по разорните земјотреси. Досега, осум земји од ЕУ - Чешка, Шпанија, Италија, Франција, Луксембург, Германија, Португалија и Холандија - објавија дека обезбедуваат помош во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, се вели во соопштението. Вкупно, повеќе од 520 европски спасувачи од овие осум земји ќе бидат испратени во Венецуела. Италија испраќа лекари, а Луксембург обезбедува опрема за комуникација, засолниште и за производство на електрична енергија. ЕУ е подготвена да обезбеди дополнителна помош, соопшти комисијата. Во соопштението се истакнува дека Венецуела е еден од главните приматели на европска хуманитарна помош во Латинска Америка. Оваа година, ЕУ издвои до 52 милиони евра за справување со хуманитарните последици од социо-економската криза во Венецуела, објави Европската комисија. Портпаролот на комисијата на прес-конференција како одговор на прашањата појасни дека санкциите на ЕУ против Венецуела би можеле да бидат повторно разгледани со одлука на Советот на ЕУ. Тој посочи дека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, предложила повторно разгледување на санкциите и ова прашање е ставено на маса сè додека не се постигне потребната едногласност.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti