klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЕУ интеграцијата во фокусот: Муцунски побара кредибилен и предвидлив процес на проширување

ЕУ интеграцијата во фокусот: Муцунски побара кредибилен и предвидлив процес на проширување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 08:59:05

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Фернандо Мариано Сампедро Маркос. Во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Македонија и актуелните состојби во процесот на проширување на Европската Унија. [facebook_post url="https://www.facebook.com/TimcoMucunski/posts/pfbid0KWoFi5pUnxDSioCtuXdC4f3FdMN3YtAWC8nhUWzTBm5BDWagR9YEjkLGqt1rs6R3l"] Муцунски изрази благодарност за, како што посочи, доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата. „Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ“, истакна Муцунски. Тој нагласи дека е важно продолжувањето на соработката со Шпанија во рамки на идните дискусии за политиката на проширување на Унијата, паралелно со унапредување на практичните форми на постепена интеграција. На средбата, министерот го информирал соговорникот и за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда, како и за посветеноста на Владата кон имплементација на европските вредности и стандарди на локално ниво.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti