klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ЕУ и Пакистан повикаа на дипломатија за прекин на судирите меѓу САД и Иран

ЕУ и Пакистан повикаа на дипломатија за прекин на судирите меѓу САД и Иран
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 19:29:53

Европската Унија и Пакистан денеска повикаа на продолжување на дипломатските напори и дијалогот за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток, оценувајќи дека дипломатијата е единствениот одржлив пат кон мирот. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар на маргините на 33. Регионален форум на АСЕАН во Манила, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи. Двајцата соговорници разговарале за актуелната регионална состојба и нагласиле дека континуираната дипломатија останува единствениот остварлив и долгорочно одржлив пат кон мирот и стабилноста, особено во контекст на односите меѓу САД и Иран. Повикот за продолжување на дипломатските напори доаѓа во време на обновени судири меѓу САД и Иран, и покрај тоа што двете страни минатиот месец потпишаа Меморандум за разбирање во Исламабад. Калас и Дар разговарале и за пошироките последици од кризата врз регионалната безбедност, глобалните енергетски пазари, поморската безбедност, трговијата и синџирите на снабдување, нагласувајќи ја важноста од продолжување на дијалогот и почитувањето на меѓународното право. Тие ја потврдиле и заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката во рамките на Стратешкиот план за ангажман меѓу Пакистан и Европската Унија. Дар ја повторил посветеноста на Пакистан кон…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti