klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ердоган: Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци сами во нивната праведна борба

Ердоган: Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци сами во нивната праведна борба
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 12:39:59

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, по повод 52-годишнината од турската инвазија врз Кипар во 1974 година, изјави дека Анкара ќе продолжи да ги поддржува кипарските Турци и да им оддава почит на паднатите турски војници. - На 52-годишнината од мировната операција на Кипар, им оддавам почит со љубов на нашите херојски маченици и со благодарност на нашите ветерани. Им упатувам искрени честитки на кипарските Турци за нивниот Ден на мирот и слободата – 20 јули – и им ги испраќам моите поздрави на моите браќа и сестри кипарски Турци. Како татковина и земја гарант, никогаш нема да ги оставиме кипарските Турци сами во нивната праведна борба, истакна Ердоган. На 20 јули 1974 година турската армија го нападна северниот дел од островот како одговор на државниот удар насочен кон присоединување на островот кон Грција. Во 1983 година еднострано е прогласена Турската Република Северен Кипар во северниот дел од островот окупиран од Турција. Турската Република Северен Кипар е признаена само од Анкара. Турција инсистира на решение за кипарското прашање со две држави, додека Република Кипар и Грција ја задржуваат позицијата за федерално решение. Последната рунда преговори беше во швајцарското одморалиште Кран-Монтана во 2017 година, која, сепак, заврши со неуспех. Овогодишното одбележување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti