ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање

Обезбедување европски начин на електронско плаќање, намалување на зависноста на Европската Унија од странските платежни системи, зајакнување на отпорноста на европската економија и поттикнување на иновациите и технолошкиот развој се целите на планот за воведување на дигиталното евро, чија регулаторна рамка доби поддршка од Европскиот парламент. Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за иновации и сигурни финансиски плаќања, со порака дека инвестициите и технолошкиот развој треба да останат во Европската Унија. Известувачот на Европскиот парламент за предлог-регулативата за создавање на дигиталното евро, европратеникот од групата на Европската народна партија (христијански демократи) Фернандо Наварете Рохас, појасни дека законодавниот пакет за заедничката валута содржи два главни предлози – едниот се однесува на зајакнување на плаќањата во готовина низ Европа, а другиот на воведување на дигиталното евро. Според него, двата предлога заедно треба да им овозможат на граѓаните поголем избор при плаќањето на секојдневните трошоци. Воведувањето на дигиталното евро, како што нагласи, „не значи укинување или замена на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање“. Рохас посочи дека во последните години во Европа има намалување на прифаќањето готовина кај дел од трговците и дека тоа треба да се спречи. Според него, граѓаните кои сакаат да продолжат да…


