klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Енди Барнам денеска и официјално избран за нов лидер на Британската лабуристичка партија

Енди Барнам денеска и официјално избран за нов лидер на Британската лабуристичка партија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·17. 07. 2026. 13:15:38

Идниот британски премиер Енди Барнам денеска беше официјално прогласен за нов лидер на Лабуристичката партија откако беше единствен кандидат што ги исполни условите за избор и ја доби поддршката од пратениците и придружните организации на партијата - објави „Скај њуз“. Претседателката на Националниот извршен комитет на лабуристите, Шабана Махмуд, рече дека Барнам е легитимно избран лидер на партијата. Тој доби 379 номинации од пратениците на лабуристите и 23 номинации од придружните синдикати и социјалистичките друштва. Махмуд оцени дека резултатот од изборите „не е многу убедлив“, со оглед на тоа што имаше само еден кандидат што ги исполни условите за номинација. Во своето прво обраќање по прогласувањето за лидер, Барнам им се заблагодари на членовите на партијата, синдикатите, социјалистичките друштва и на пратениците за нивната поддршка велејќи дека тоа е „емотивен момент“ за него и неговото семејство. „Каков момент и каква поддршка ми дадовте“, рече Барнам додавајќи дека е благодарен за поддршката од сите делови на лабуристичкото движење. Тој рече дека поддршката што ја добил била одговор на повикот од луѓе во, како што ги нарече, „заборавените места“ во Велика Британија за враќање на Лабуристичката партија каква што некогаш ја знаеле. Новиот лидер на Лабуристичката партија исто така, му се заблагодари…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti