Елена Мицковска го доби мандатот во УО на ИСФ до 2030 година

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. Токму на овој состанок беше донесена одлуката Мицковска, заедно со Олабиси Џозеф од Нигерија, да бидат претставници на Извршниот одбор во УО на ISF, највисокото управувачко тело. Тоа е признание за досегашната работа и развојот на училишниот спорт кај нас, но и голема можност Македонија активно да учествува во креирањето на идните политики и проекти за младите спортисти на глобално ниво. Со формирањето на Управниот Одбор, ISF ја заокружи клучната фаза од воспоставувањето на раководната структура за новиот мандат. Новиот Управен одбор на ISF го сочинуваат: • Претседател: Жељко Танасковиќ • Потпретседатели: Антонио Хора Фило, Јусеф Белкасми и Лианшуаи Тенг • Претставници на Извршниот одбор: Елена Мицковска и Олабиси Џозеф • Генерален секретар: Хаснаех Ел Ајуби Изборот на Елена Мицковска е уште една потврда дека македонскиот спорт, преку посветена работа и вистински проекти, може да добие значајна улога и влијание и надвор од…
Povezane vijesti

Perović: Euforija se vidi i osjeća; Caković: nadam se da ćemo te dobre treninge pretočiti u dobre igre

Vojvodina pronašla zamenu za Tanjgu
