Ел Нињо ги соборува сите рекорди: Океанските температури би можеле да се искачат 3,8 степени над просекот

Временскиот феномен Ел Нињо може да достигне досега невидена јачина, при што температурите на морската површина во тропскиот дел на Тихиот Океан би можеле да достигнат рекордни нивоа - соопшти Светската метеоролошка организација (СМО), а пренесе ДПА. - Температурите на морската површина во овој регион никогаш не биле толку високи во изминатите 40 години, односно откако почнале да се водат мерењата - изјави во Женева генералната секретарка на СМО, Селесте Сауло. Според климатските модели, температурите во Тихиот Океан би можеле да се искачат до 3,8 Целзиусови степени над долгорочниот просек, додека претходното рекордно отстапување изнесуваше околу три степени. Настан на Ел Нињо се смета дека започнал кога температурите ќе се зголемат за најмалку 0,5 степени над вообичаеното ниво - појасни Сауло. Овој природен временски феномен, кој се развива на секои неколку години, може да предизвика силни суши или невообичаено обилни врнежи, во зависност од регионот, иако Европа генерално е помалку погодена од неговите последици. МИА
Povezane vijesti

Ново предупредување од ОН: Ел Нињо може да достигне досега незабележана сила

WMO upozorava: El Ninjo bi mogao dostići dosad nezabilježen intenzitet
