klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Експлодира за секунда: Овие хороскопски знаци најтешко го контролираат темпераментот

Експлодира за секунда: Овие хороскопски знаци најтешко го контролираат темпераментот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 08. 2026. 15:26:17

Кога станува збор за нервоза, импулсивни реакции и краток фитиљ, астролозите најчесто го издвојуваат еден знак како апсолутен рекордер. Според астролошките толкувања, Овенот важи за најнервозен хороскопски знак, бидејќи реагира брзо, бурно и без многу размислување. Овенот е познат по својот силен темперамент и нетрпеливост. Ако нешто не оди според планот, може лесно да се изнервира и да каже работи за кои подоцна ќе зажали. Добрата страна е што неговата лутина најчесто трае кратко – се смирува исто толку брзо колку што се налутил. Веднаш зад Овенот, астролозите ги споменуваат Близнаците и Девицата. Близнаците често се нервозни поради постојаните промени и менталната преоптовареност, додека Девицата лесно губи трпение кога работите не се совршени. Сепак, астрологијата е забавна интерпретација, а темпераментот зависи од многу фактори – карактерот, животните околности и личното искуство. Дали се препознавте? Ако сте Овен, можеби токму оваа вест ќе ве изнервира – барем за момент.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti