Експерти за економските резултати на Владата: Пад на цените во јуни и годишната инфлација од 3,4%, позитивниот тренд се очекува да продолжи

Инфлацијата во Македонија продолжува да забавува. Трошоците на живот во јуни на месечно ниво бележат пад од 0,5 %, а со годишна инфлација од 3,4 % (јуни 2026 наспроти јуни 2025) Македонија има релативно пониска и постабилна годишна инфлација во споредба со поголемиот дел од земјите во регионот, кои веќе ги објавија податоците за овој месец. Иако уште е рано да се даде конечна оцена, експертите очекуваат трендот на стабилизација на инфлацијата да продолжи и во следниот период, пред сѐ под влијание на меѓународните движења на цените на храната и нафтените деривати, и укажуваат дека во производите за храна треба да има зголемена контрола на маржите бидејќи увозниците на храна го користат поволниот курс на еврото, но и внимателност и претпазливи економски политики, кои ги следат инфлациските очекувања и да не создаваат нови домашни инфлациски притисоци преку прекумерна јавна потрошувачка, раст на трошоци без продуктивност или неконтролирани маржи. Македонија во јуни има стапка од 3,4 %, што е пониско од Грција, Бугарија и Хрватска, а сме речиси изедначени со Словенија. Инфлацијата во јуни годинава во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, а во Турција инфлацијата изнесува високи 32,11 %. За другите земји од регионот…
Povezane vijesti

Popović: Pojedinima smeta odlučnost aktuelne parlamentarne većine da sprovede reforme i uvede Crnu Goru u EU

Франција и Англија вечерва играат за мундијалската бронза
