„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината - пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, аеродромот во главниот македонски град е најбрзорастечкиот во регионот, опслужувајќи дополнителни 360.589 патници во споредба со истиот период минатата година. - Само во мај, Скопјe забележа зголемување од 28,6 проценти во бројот на патници, опслужувајќи 355.929 патници. Растот е поттикнат од широката експанзија на „Виз Ер“ во земјата - се вели во објавата. Според податоците на „Екс-ју авиејшн“, Белград остана најпрометниот аеродром во поранешна Југославија, додавајќи 255.376 патници во периодот јануари-мај и покрај тоа што, наведуваат, се соочи со неколку пречки, вклучително и намалувањето на услугите од страна на авиокомпаниите од Блискиот Исток, меѓу кои и една од најпрометните авиокомпании, Флајдубаи. - На другите места, по неколку години силен раст на патници, Приштина забележа намалување на бројките. Само во април, бројот на патници се намали за 4 проценти на годишно ниво. Се очекува аеродромот да се соочи со дополнителен притисок во…
Povezane vijesti

Kuhari otkrili veliku tajnu: ‘U restoranu ovu hranu nikada ne naručujte ponedjeljkom’

Direktoru vesti N1 Branislavu Šovljanskom i njegovoj porodici upućene jezive pretnje
