Еко-машини за одржување од денеска во градскиот парк во Кавадарци

Еко-машини и алатки за одржување од денеска ќе се користат во Градскиот парк во Кавадарци за косење трева, кастрење на гранки и други активности во паркот, што важи за еден од најубавите во државата. На промоцијата на новите алатки и машини, беше кажано дека се набавени од страна на Јавното претпријатие „Комуналец“, со цел почиста животна средина и помалку бучава. - Започнуваме со овие алатки што се на батерии. Целосно еколошки пристап кон работните ангажмани и работните активности во самиот градски парк, така да веќе овој прекрасен парк што се наоѓа на територијата на град Кавадарци, целосно ќе добие и едно еколошко знаме. Ќе бидеме препознатливи и по екологијата. Оние алатки што претходно беа на бензин, правеа загадување, беа премногу бучни. Сега ги заменуваме со нови електрични алатки што се бесшумни да речеме со дел на работењето и целосно екологијата на едно повисоко ниво во самиот Градски парк ќе биде достапна - изјави Гоце Ангеловски, директор на „Комуналец“. Тој информираше дека целосната посветеност кон зачувувањето на екологијата во паркот, значи и забранет влез за возила, освен во случаи кога тоа е неопходно. Претседателот на Совет на Општината, Стојанче Рамов потсети дека станува збор за квадратура од 80.000 метри квадратни, од…


