Svijet Sjeverna Makedonija
Екипите на Општина Чаир продолжуваат на терен по обилните врнежи од дожд

Kurir.mk·Максим Крстески·02. 07. 2026. 10:44:38
По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес. Интервенциите се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на чистотата и функционалноста. Паралелно со расчистувањето на теренот, екипите продолжуваат и со собирање и отстранување на кабаст отпад во повеќе населби на Чаир. Општина Чаир останува посветена на континуирано присуство на терен, со цел обезбедување чисти и функционални јавни површини за сите граѓани.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


