klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 16:49:32

Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и на отстранување на гранките, паднатите дрвја и другиот отпад. Активностите се реализираат во координација со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“. Екипите ќе продолжат со работа до завршување на сите неопходни интервенции и целосно нормализирање на состојбата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti