Екипи од рано утринава на терен во Бигла, се следи состојбата по пожарот

Рано утринава е извршен детален увид на теренот во село Бигла, Општина Делчево, каде што вчера избувна голем пожар. Уште од 5 часот наутро на терен биле присутни дежурни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“. Како што информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со стручните лица бил направен детален увид во состојбата на теренот. При увидот била користена и снимка од дрон, преку која биле разгледани и деловите од теренот до кои нема директен пристап и кои не можат целосно да се согледаат од земја. Состојбата ќе продолжи внимателно да се следи во текот на денот, а Општина Делчево останува во координација со сите надлежни служби за навремено реагирање доколку се појави потреба. Приоритет остануваат безбедноста на граѓаните и спречувањето на евентуално повторно разгорување на пожарот. (МИА)
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
