klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

ЕК ја претстави новата стратегија за Арктикот

ЕК ја претстави новата стратегија за Арктикот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 19:47:30

Европската комисија денеска ја презентираше нова арктичка стратегија, со цел да се осигури дека Европската Унија ќе биде во чекор со конкурентите додека се појавуваат нови бродски линии и можности за рударство, вклучително и експлоатација на клучни суровини. - Арктикот е северното соседство на Европа, блиско, поврзано и клучно за нашата иднина. И се менува, со нови бродски линии и ресурси кои ја поттикнуваат стратешката конкуренција, истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа додаде дека „Арктикот е област каде што се судираат тектонските плочи на геополитиката“. Лајен предупреди дека растечкото воено присуство на Русија во Арктикот, хибридните активности против нејзините соседи и трансформацијата на безбедноста во регионот влијаат на ЕУ како целина. - Пристапот до арктичките морски линии и природните ресурси е од стратешки интерес за ЕУ, посочи високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Една од целите на стратегијата е зајакнување на економската соработка и ублажување на ефектите од климатските промени. Арктикот се менува брзо, се затоплува речиси четирипати побрзо од глобалниот просек, влијаејќи на екосистемите и менувајќи ги начините на живот и заедниците. Новите бродски рути и откриените ресурси го преобликуваат безбедносниот и економскиот пејзаж на Арктикот, што доведува до зголемени…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti