klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Ефремовски: Мора да го дадеме максимумот против Ирска

Ефремовски: Мора да го дадеме максимумот против Ирска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·28. 06. 2026. 17:14:10

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Виктор Ефремовски ги искажа очекувањата за претстојниот натпреватр со Република Ирска. - Подготовките досега се одвиваат одлично. Работиме напорно на секој тренинг и мислам дека од ден на ден изгледаме подобро. Атмосферата е навистина добра, сите сме максимално посветени и верувам дека до почетокот на натпреварите ќе бидеме целосно подготвени. Не очекува важен натпревар против Ирска и свесни сме дека нема да биде лесно. Тие доаѓаат со пет-шест нови играчи, па сигурно ќе има промени во нивната игра. Нашиот фокус е на нашата игра и на тоа да го дадеме максимумот. Ако одиграме дисциплинирано и ги исполниме задачите од селекторот, верувам дека можеме до позитивен резултат и до остварување на нашата цел, изјави Ефремовски. Натпреварот со Ирска е закажан за 2 јули во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Македонската репрезентација претквалификациите ги продолжува од првата позиција во групата „А“ (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti