Едукативен настан за кампањата „Розов октомври“ за подигнување на свеста за ракот на дојката во општина Карпош

Во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје. На почетокот на настанот, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на здравствената едукација и превенцијата, нагласувајќи дека Општината и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи од значење за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Настанот привлече бројна публика, а особено радува големиот број присутни жени кои со своето учество покажаа дека за оваа важна тема треба да се зборува отворено, гласно и без предрасуди. Преку едукативното предавање на д-р Катерина Китановска, примариус специјалист по радиодијагностика, присутните имаа можност да добијат значајни информации и корисни совети за превенцијата, редовните прегледи и важноста на раното откривање на ракот на дојката. Посебен белег на настанот беше активната интеракција меѓу публиката и докторката. Големиот број прашања, отворената дискусија и споделените совети придонесоа за подетално информирање и поголема свесност за значењето на навремената грижа за здравјето. Преку ваквите иницијативи, Општина Карпош продолжува да ја поттикнува здравствената едукација, да ја поддржува превенцијата и да создава простор за разговори што можат да направат вистинска разликa.
Povezane vijesti

Pejović: Glasanje o Ustavu i Sudskom savjetu pokazuje ko je istinski za EU
Pauza zbog razgovora o izmjenama Ustava i provjeri integriteta
