klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Едно лице загина во напад врз брод под знаме на Гвинеја-Бисао во Црното Море

Едно лице загина во напад врз брод под знаме на Гвинеја-Бисао во Црното Море
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 08. 2026. 08:51:05

Едно лице загина, а три се повредени во напад врз трговски брод со украинска пченица под знаме на Гвинеја-Бисао во водите на Црното Море, соопшти денеска гувернерот на Одеса, Олех Кипер, наведувајќи дека пловилото е оштетено, а екипажот е евакуиран на брегот. „Непријателот постојано продолжува да напаѓа цивилни бродови во водите на Црното Море. За жал, едно лице загина, додека уште три се повредени“, наведе Кипер во објава на Телеграм. Според него, овој пат е оштетен трговски брод за превоз под знаме на Гвинеја-Бисао, кој превезувал украинска пченица. Кипер оцени дека ваквите напади, како што наведе, ја покажуваат „систематичноста и цинизмот на рускиот терор“, како и дека претставуваат закана за животите на цивилите и за глобалната прехранбена безбедност.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti