klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Една третина од болниците во Германија имаат климатизирани болнички соби

Една третина од болниците во Германија имаат климатизирани болнички соби
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 11:42:42

Климатизацијата во болничките соби за пациентите сè уште не е вообичаена практика во германските болници, соопшти денеска водечкото германско лекарско здружение, пренесува ДПА. - Повеќето единици за интензивна нега во Германија сега се климатизирани, но тука практично завршува приказната. Само една третина од болниците имаат климатизирани соби за пациентите - изјави претседателката на Марбуршкото здружение Сузане Јона за јавниот сервис ЗДФ. Марбуршкото здружение е единствениот синдикат на лекари во Германија и најголемата организација што ги претставува лекарите вработени во јавниот сектор и во државната служба, како и студентите по медицина. Јасни стандарди за климатизација постојат само за операционите сали и за радиолошките одделенија, бидејќи медицинската опрема не може да ги издржи високите температури. Според Јона, проблемот делумно се ублажува со импровизирани решенија. - Често ги замолуваме роднините да донесат ледени облоги од дома, кои обезбедуваат привремено олеснување - рече таа. Јона ги повика политичарите, архитектите и болничките синџири при проектирањето на објектите повеќе да ги земаат предвид сè почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени. - Потребни ни се системи за климатизација во затворен простор, а таму каде што престојуваат пациенти, најмалку надворешни заштити од сонце на прозорците - рече таа. Според неа, и кај новите болнички објекти понекогаш се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti