„Една сцена, шест децении музика“ – 60 години факултет за музучка уметност

По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер, во 19, 30 часот ќе се одржи концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови, во рамки на концертната серија под мотото „Една сцена, шест децении музика“. На сцената ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот, кои преку заеднички настап ќе ја претстават креативноста, енергијата и разновидноста на популарните музички жанрови. Концертот е посветен на шест децении работа, творештво и посветеност на музичката уметност, како и на уметничкото наследство што Факултетот за музичка уметност го гради низ годините. Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
Povezane vijesti

ФМУ одбележува 60 годишен јубилеј со концерт посветен на Катедата за популарни жанрови

38 koncerata i jedan festival na zagrebačkoj Muzičkoj akademiji
