Region Sjeverna Makedonija
Еден загинат во пожар во фабрика за oцет на Пелопонез

Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 14:38:38
Во пожар што избувна во фабрика за производство и пакување оцет во близина на градот Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез, животот го загуби едно лице, а најверојатно на пожарот му претходела силна експлозија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција околу 13.30 часот биле известени за пожарот по што веднаш интервенирале 35 пожарникари, еден пешадиски тим, 11 возила и волонтери, како и цистерни од општината. За време на гаснењето, пожарникарите извлекле безживотно тело на засега неидентификувано лице. Локалните медиуми од Коринт пишуваат дека се слушнала силна експлозија, по што следел и пожарот, а голем дел од фабриката е изгорен.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Povezane vijesti

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот – опозицијата побара исплата на земјоделските субвенции уште утре наутро
Fokus.mk·prije 9 min

Барал пари од мајка си, па ја кубел и удирал со тупаници – Обвинителството бара притивор за 34-годишен скопјанец
360stepeni·prije 13 min

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло
Večer·prije 14 min