klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Е. Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за новата сезона

Е. Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за новата сезона
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·23. 07. 2026. 05:42:46

РК Е.Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона 2026/27. Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг. Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт). Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт. Оваа лето во Битола се преселија: Александар Стојков (МРК Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп) А си заминаа: Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист. Томче Пецаковски, Бојан Гичев, Јован Даневски Во првото коло на Суперлигата 2026/27, Е.Пелистер 2 гостува кај шампионот Вардар 1961.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti