Џулија Робертс сподели ретка фотографија со сопругот на 24-годишнината од бракот

Џулија Робертс ја прослави својата 24-годишнина од бракот со сопругот Дени Модер, споделувајќи ретка фотографија од нив на социјалните мрежи. Во неделата, на 5 -ти јули, 58-годишната актерка објави селфи на која ја потпира главата на рамото на Модер додека заедно уживаат во сончевите зраци. „Дваесет и Четири. Уште,уште,уште“, напиша Робертс во описот на нејзината објава на Инстаграм. Во коментарите, многу од познатите пријатели на двојката се придружија со своите честитки. „Среќна, среќна, среќна годишнина, Модерс!!! Љубовта владее! Љубовта победува!!!“, напиша Рита Вилсон, додека Али Вентворт рече: „Среќна годишнина на најдобриот пар!!! Ви испраќам многу љубов!“. View this post on Instagram A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) Робертс и 57-годишниот Модер се запознале во 2000 година на снимањето на филмот „Мексиканецот“. Таа ја играла партнерката на Бред Пит, Саманта, во филмот, додека Модер работел како снимател. Двојката почнала да се забавува во пролетта 2002 година и се венчале во тајност истиот јули во Таос, Ново Мексико.


