ДЗС Европскиот ден на статистиката го одбележа заедно со студентите

Државниот завод за статистика го одбележа Европскиот ден на статистиката, 20 октомври, со учество на настан организиран од Економскиот факултет, посветен на младите, статистичката писменост и можностите што ги нудат новите технологии во користењето на официјалните статистички податоци. Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница. Во современиот свет, податоците претставуваат нов капитал, а знаењето како да се користат е една од најважните вештини на денешницата. Токму затоа, статистичката писменост станува неопходна не само за професионалците, туку и за сите млади луѓе кои сакаат да ги разберат економските и општествените процеси, критички да ги оценуваат информациите и да носат одлуки засновани на факти. Настанот беше искористен да се претстави Статистичкиот асистент на Државниот завод за статистика – MakStatAI, иновативно решение засновано на вештачка интелигенција, кое Заводот го развива со цел да го олесни и модернизира пристапот до официјалните статистички податоци. Алатката ја претстави директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, истакнувајќи ги можностите што ги нуди примената на вештачката интелигенција во дисеминацијата на статистичките податоци. Претставувањето на оваа алатка пред студентите има особено значење, бидејќи покажува дека…
Povezane vijesti
MONSTAT pokrenuo portal sa podacima o obrazovanju, dostupna i interaktivna mapa po opštinama

Državni zavod za statistiku pokrenuo podcast: Brojke sad dobivaju glas o BDP-u, izvozu..
