klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Џорџина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство

Џорџина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·17. 07. 2026. 09:13:44

Џорџина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи неодамна фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо. Атрактивната бринета ужива во летниот одмор со португалската фудбалска ѕвезда, а со нејзината објава и порака повторно привлече големо внимание. На фотографијата, Џорџина го прегрнува Роналдо, додека во преден план е нејзиното провокативно летно издание, кое предизвика бројни реакции кај фановите. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Објавата брзо собра над 3,6 милиони лајкови, а Џорџина ја следат повеќе од 75,5 милиони луѓе на социјалната мрежа, што уште еднаш ја потврди нејзината огромна популарност. Џорџина и Кристијано се сметаат за еден од најпознатите парови во светот на спортот и шоубизнисот. Нивната љубовна приказна трае од 2016 година, кога се запознале во продавница на Гучи во Мадрид, каде што Џорџина во тоа време работела како продавачка. По речиси една деценија заеднички живот, одгледувајќи пет деца, Роналдо ѝ предложи брак во летото 2025 година, а двајцата често споделуваат моменти од семејниот живот и луксузните патувања на социјалните мрежи.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti