Џесика Алба сподели фотографии со новото момче по „свадбата на годината“

Славната актерка Џесика Алба ужива во новата врска со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа. Двојката неодамна беше видена на Светското првенство, а дури успеаја да стигнат и до свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс. Холивудската убавица објави неколку фотографии и видеа на кои се гледа како се подготвува со Рамирез, а потоа го покажа и својот финален стајлинг. Златно здолниште со кристали и светки во комбинација со црн топ кој имаше многу длабоко деколте, беа нејзиниот избор за овој спектакл во Њујорк, а сè комплетираше со црни салонки, додека косата ја врза во опавче. „Ја сакаме љубовта. Честитки, Т&Т, беше прекрасна ноќ во која те славевме“, напиша Џесика во описот на објавата. View this post on Instagram A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) Секако, не недостасуваа позитивни коментари за нејзиниот изглед, но и за нив двајцата како вљубен пар. „Како ангел си“, „Прекрасна си“, „Можеш ли да остариш“, „Истата со децении“, „Прекрасна двојка сте“, беа дел од коментарите.


