„Џејмс Бонд“ оди на аукција

Предмети од обемната филмска сага за Џејмс Бонд одат на наддавање. Оваа специјална продажба, насловена „Онлајн-аукција за Џејмс Бонд“ (James Bond Online Auction) и организирана од аукциската куќа „Пропстор“ (Propstore), опфаќа 400 предмети од целиот серијал за најпознатиот филмски таен агент. Колекцијата вклучува облека, книги, постери и други предмети, коишто ја покриваат повеќе од шестдецениската филмска историја и глумците кои го толкувале најпознатиот таен агент во светот. Наддавањето е отворено за учесници од целиот свет преку интернет и ќе трае до 27 октомври.Меѓу најзначајните предмети е костум од „Том Форд“ - комплет со соодветна кошула и манжетни, што Даниел Крејг го носел во филмот „Скајфол“ (Skyfall) од 2012 година, а чија вредност се проценува на околу 47.300 евра. На аукцијата се нудат и фустан и сандали носени од Ана де Армас во филмот „Нема време за умирање“ (No Time to Die) од 2021 година - се очекува да достигнат слична цена. Аукцијата вклучува и еден особено привлечен сет од 14 книги - први изданија од Ијан Флеминг, авторот на „Џејмс Бонд“, со проценета вредност од околу 45.000 евра. Колекционерите, исто така, имаат можност да набават постер во голем формат, зајакнат со платно, за филмот „Д-р Но“ (Dr. No) од 1962…


