klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Џастин Бибер, Шакира, Мадона и групата БТС ќе настапат на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал

Џастин Бибер, Шакира, Мадона и групата БТС ќе настапат на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 07. 2026. 07:34:48

„Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и јужнокорејската К-поп група БТС“, соопштија вчера организаторите на натпреварувањето. За првпат во историјата, на полувремето на финалето на Светското првенство ќе биде организиран музички спектакл кој ќе трае 11 минути. Водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“. „Се очекува Шакира да настапи заедно со Бурна Бој и заедно да ја отпеат спортската химна за оваа година „Дај, дај“, пренесе ЕСПН. Покрај Џастин Бибер Шакира, Мадона и групата БТС, на полувремето ќе настапат и венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, хорот ПС22, составен од ученици од основното училиште на њујоршкиот Стејтен Ајленд, како и британската група „Колдплеј“. Финалето на Светското првенство ќе се одигра на 19 јули во Њујорк.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti