klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Две години солидно менаџирање на економијата и подготовки за клучните реформски потфати – како понатаму?

Две години солидно менаџирање на економијата и подготовки за клучните реформски потфати – како понатаму?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·29. 06. 2026. 07:43:26

Јавната полемика меѓу опозицијата и власта, но и меѓу јавни личности и медиуми афилирани кон страните, чиј повод беше двегодишнината од мандатот на владата на премиерот Христијан Мицкоски, уште еднаш јасно покажа дека на политичката сцена во Македонија е исклучително тешко, дури и невозможно да се води дебата во која ќе се признае и ќе се почитува врховниот авторитет на фактите. Умееме ние често да се повикаме на онаа мудра мисла дека пред фактите молчат и боговите, но во исто време за многу нешта за кои фактите ни се познати и достапни, претпочитаме да судиме врз основа на „перцепции“ и „мислења“, приклонувајќи се така кон голата пропаганда и кон сопствените навивачки страсти. А ова е време кога секој има свое мислење за се и сешто, кога секој има можност да го соопшти тоа мислење и кога речиси никој не дозволува фактите да му го сменат или барем да му го изнијансираат. Како сите да се плашат од онаа спасоносна ронка сомнеж, која е основната супстанција од која еманира знаењето. И затоа, основното правило на бруталната пропаганда на сите полиња – особено во политиката! – е наративите што повеќе да се во конфликт со фактите. Неверојатно но вистинито, тоа важи дури…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti