Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина година

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6% повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374,714) во однос на истиот период лани. -Растот од 28% на бројот на патници во првите шест месеци од 2026 година претставува извонреден резултат и јасна потврда дека македонските аеродроми се наоѓаат на патека на силен и одржлив развој. Во воздухопловната индустрија, двоцифрен раст на патничкиот сообраќај е показател за успешна стратегија, зголемена доверба од патниците и атрактивност како дестинации за авиокомпаниите. Фактот што Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно опслужија речиси два милиона патници за само шест месеци, истовремено бележејќи и раст од 7,6% на бројот на летови е резултат на нашата посветеност за развојот на воздушната поврзаност, континуираното…


