Crna kronika Sjeverna Makedonija
Двајца возачи и малолетник повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 12:00:55
На 05.08.2026 во 17:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионален пат Кичево - Македонски Брод, кај месноста Бели Мостој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Е.С.(63) од селото Лисичани, возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од Б.З.(31) од с.Пласница и „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.Ш.(25) од село Пласница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ш., додека 17 - годишно лице - сопатник во истото возило и возачот Е.С. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

