Crna kronika Sjeverna Makedonija
Двајца уапсени за подметнување пожар во општина Македонски Брод

Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 13:02:04
На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. -Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено, информира МВР. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

