Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута

Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните инструменти на ЕУ, обезбедување поддршка за Шпанија за повторно воспоставување на граничната контрола и разгледување на зголемената поддршка од Фронтекс и ефикасноста на соработката со Мароко. Во писмото се изразува сериозна загриженост за ситуацијата во Сеута и се нагласува решеноста да се спречат шверцерите да го поткопаат интегритетот на надворешните граници на ЕУ. Лидерите веруваат дека неодамнешната пресуда на шпанскиот Врховен суд е искористена за напади и злоупотреба на Европскиот систем за миграција и азил. Потписниците наведуваат дека треба да се зајакнат надворешните граници на ЕУ и да прекинат политиките што ја охрабруваат нелегалната миграција. Во писмото се истакнува дека сегашната ситуација бара единство, решителност и итност, а заштитата на надворешните граници и спречувањето на нелегалната миграција е заедничка европска одговорност. Писмото, покрај премиерките на Италија и на Данска, го потпишаа лидерите…
