Два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго

Во Демократска Република Конго почнува клиничко тестирање на два пристапи за антивирусна терапија против вирусот на ебола, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, се истражува дали комбинирањето на двата антивирусни лекови нуди дополнителни придобивки за пациентите со ебола предизвикана од сојот Бундибуџо за кој во моментов не постои вакцина или терапија. Во мај, во Конго избувна епидемија на ебола токму од овој сој, при што конгоанските власти досега пријавија повеќе од 1.400 лабораториски потврдени случаи на ебола. До крајот на јуни, повеќе од 400 луѓе починаа од болеста, а стапката на смртност на случаите порасна на 31,2 отсто, пренесе ДПА. - Дури и без одобрени терапевтски средства, луѓето закрепнуваат од оваа болест, но, се разбира, би можеле да спасиме многу повеќе животи доколку во нашиот арсенал имаме безбедни и ефикасни терапевтски средства – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. - Итно ни се потребни третмани кои можат да им помогнат на луѓето погодени од болеста предизвикана од вирусот Бундибуџо. Една од клучните лекции од неодамнешните епидемии е дека истражувањата треба да се одвиваат паралелно со одговорот на кризата, а не по неа – изјави Аманда Роџек, која ја предводи студијата и е професорка на Институтот за…


