klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Два одвоени случаи на семејно насилство во Тетово, поведени постапки против насилниците

Два одвоени случаи на семејно насилство во Тетово, поведени постапки против насилниците
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 11:42:35

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со претходна пријава за семејно насилство. Тој од жената барал да каже дека ништо во врска со претходниот настан не се случило, дека се смирени и живеат заедно без никакви проблеми. Откако разбрал дека и покрај ваквите сугестии жената останала на претходната изјава, тој и се јавил телефонски и и се заканил дека ќе ја убие, поради што таа не се вратила дома. Потоа осомничениот отишол на нејзиното работно место и пред нејзиниот претпоставен започнал да вика дека жената не смее да работи таму и дека ако ја најде ќе ја убие. Конечно, отишол и кај родителите на оштетената пред кои ги повторил заканите, со што предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Во одвоен настан, Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и против 32-годишник осомничен дека при вршење семејно…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti