klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Два хеликоптера се судрија во воздух додека го гаснеа големиот пожар во Грција

Два хеликоптера се судрија во воздух додека го гаснеа големиот пожар во Грција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 14:11:52

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на екипажите. Според видеото објавено на социјалните мрежи во Грција од моментот на сударот, едниот од хеликоптерите веднаш по сударот се запали и падна во шумско подрачје. Според неофицијалните информации на МИА пилотите на двата хеликоптера се романски државјани, додека пак координаторите се Грци.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti