klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Два дена платено отсуство поради менструација месечно: Еве која држава усвои измени на Законот за здравствено осигурување

Два дена платено отсуство поради менструација месечно: Еве која држава усвои измени на Законот за здравствено осигурување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·28. 07. 2026. 11:11:29

Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореја, болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор, им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесува „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања. Иницијативата за измени на законот ја поднесе независната пратеничка Јевросима Пејовиќ во март оваа година, во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Предлог-законот претходно беше едногласно поддржан на седниците на Одборот за здравство, труд и социјална политика и Законодавниот одбор. Во образложението на законот се наведува дека целта на измените е соодветно регулирање на дијагностицираните патолошки состојби на секундарна дисменореја, отстранување на предрасудите на работното место и воспоставување рамнотежа помеѓу зачувувањето на здравјето и професионалните обврски на жените. Како што се истакнува, на жените со секундарна дисменореја им се признава правото на посебна состојба на привремена спреченост за работа. Секундарната дисменореја подразбира болни менструални тегоби предизвикани од претходно дијагностицирани гинеколошки заболувања, како што се ендометриоза, миоми, воспаление на јајчниците, ендометријални полипи и синдром на полицистични јајчници, како и состојби кои…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti