klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Дурмиши: Неделава средба и со доставувачите и со производителите за цените на основните прехранбени производи

Дурмиши: Неделава средба и со доставувачите и со производителите за цените на основните прехранбени производи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·30. 06. 2026. 12:10:43

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок и со доставувачите и со производителите, на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи - дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците. Одговарајќи на новинарско прашање, Дурмиши денеска рече не може да каже конкретен датум кога ќе биде готов извештајот од контролите на Пазарниот инспекторат, со кои треба да се утврди што влијаело на зголемувањето на цените во изминатиот период, но поради обемот на работата, претпоставува дека тоа би се случило за речиси еден месец. Како што потенцира, ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена на 74 групи со 600-700 основни прехранбени производи, кои се дел од потрошувачката кошничка. - Ќе се врши детална контрола на 600-700 основни прехранбени производи, од набавната цена на производителот до продажната цена на трговецот, и ќе најдеме точно кои се индикаторите од кои произлегува таа цена, кај имаме поголемо зголемување и да видиме точно зошто се случува тоа - рече Дурмиши на прес-конференцијата, на која даде отчет за сработеното. Врз основа на деталната анализа, како што појасни, надлежните институции ќе знаат каде и како треба да реагираат доколку има поголема маржа. - Минатиот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti