Дурмиши: Младите треба да добијат вистинска шанса за прво вработување, практично искуство и професионален развој

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на форумот „NextGen CareerUp“, кој се одржа во Тетово, во организација на Институтот за лидерство и јавни политики (ILPP), со поддршка на Кралството Холандија. Во рамки на форумот, министерот Дурмиши беше дел од панел-дискусијата „Премостување на јазот: од образование до вработување“, посветена на предизвиците со кои се соочуваат младите при влезот на пазарот на трудот, потребата од практични вештини и подобрата соработка меѓу образовните институции, компаниите и државните институции. Во своето обраќање, министерот истакна дека создавањето квалитетни можности за младите е еден од приоритетите на Министерството за економија и труд, при што особено внимание се посветува на активните мерки за вработување, практикантството, претприемништвото и развојот на вештини што одговараат на реалните потреби на економијата. -Нашата задача е да му помогнеме на секој млад човек да го направи најважниот чекор – од образованието кон првото работно искуство. Дипломата е значајна основа, но младите имаат потреба и од практични знаења, менторство и можност да го покажат својот потенцијал. Наша цел е да создадеме услови во кои првото вработување нема да биде пречка, туку почеток на успешен професионален развој, истакна министерот Дурмиши. Тој нагласи дека преку Оперативниот план за вработување за 2026 година е…
Povezane vijesti

Јаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување – еден од фокусите на образовната реформа
