klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Дури 9 од 10 Европјани би ја напуштиле земјата во која живеат – еве каде би сакале да се преселат

Дури 9 од 10 Европјани би ја напуштиле земјата во која живеат – еве каде би сакале да се преселат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 20:43:01

Речиси половина од жителите на Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство очекуваат да живеат во друга земја во одреден момент од својот живот, според ново истражување спроведено на 2.000 возрасни лица. Анкетата ја спроведе истражувачка агенција за дигиталната осигурителна компанија Feather, а резултатите покажуваат дека растечките трошоци за живот се главната причина зошто многумина размислуваат да се преселат во странство. Ова го изјавија 53 проценти од Британците, 48 проценти од Французите, 43 проценти од Германците и 32 проценти од Италијанците. Испитани се 500 возрасни лица во секоја од четирите земји, а само еден од десет испитаници рекол дека дефинитивно не би сакал да се пресели во друга земја, објавува Euronews. Иако омилените дестинации варираат од земја до земја, Шпанија се појави како најпосакуван избор меѓу испитаниците. Канада и Шпанија се меѓу најпосакуваните дестинации Британците и Италијанците најчесто ја избираат Шпанија како земја во која би сакале да живеат. 24 проценти од Британците и 20 проценти од Италијанците гласале за неа. Шпанија беше исто така втор најпопуларен избор меѓу Французите и Германците - ја избраа 16 проценти од Французите и 12 проценти од Германците. Французите ја издвоија Канада како најпосакувана дестинација, која ја избраа 17 проценти од испитаниците, додека Италија беше…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti