klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Државниот обвинител Савески на состанок на високо ниво за предметите поврзани со Скај ЕЦЦ платформата во Париз

Државниот обвинител Савески на состанок на високо ниво за предметите поврзани со Скај ЕЦЦ платформата во Париз
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 13:05:02

Јавниот обвинител Ненад Савески учествува на состанокот на високо ниво во Париз, Франција, организиран од Европравда и Проектот за кривична правда на Западен Балкан, посветен на прибавувањето, анализата и ефикасното искористување на докази од Скај ЕЦЦ платформата во сложени случаи кои се од областа на организираниот прекуграничен криминал, соопштуваат од Јавното обвинителство. Заедно со Савески на состанокот учествува и јавната обвинителка Милица Гаврилова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која е контакт-точка на обвинителството за прибавување на доказите од Скај ЕЦЦ платформата. По пробивањето на криптираната комуникациска платформа, надлежните органи во повеќе европски држави и во земјите од Западен Балкан добија пристап до голем број пораки кои открија активности поврзани со трговија со дрога, перење пари, нелегална трговија со оружје, фалсификување документи и други форми на организиран криминал. - Од досега анализираните податоци, јасно е дека во сите предмети оформени врз основа на доказите прибавени од оваа платформа станува збор за криминал кој ги надминува границите, за што зборуваат и неколку тековни прекугранични истраги поврзани со Скај ЕЦЦ на кои работиме и кои се една од најважните алатки во борбата против организираниот криминал во Западен Балкан - рече Савески, нагласувајќи дека во моментов, во ОЈО…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti