klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Дрвошанов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки обезбеди стабилно и непречено функционирање на целиот енергетски систем

Дрвошанов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки обезбеди стабилно и непречено функционирање на целиот енергетски систем
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·04. 08. 2026. 10:22:22

За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави денеска Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија помина низ една од најтешките енергетски кризи во Европа, но граѓаните во ниту еден момент не останаа без гориво и не се соочија со ценовен шок. Тоа е резултат на навремени одлуки, добра координација и конкретни мерки кои обезбедија стабилно функционирање на целиот енергетски систем. Воспоставени беа ефикасни механизми за управување со кризни состојби, обезбедени беа стабилен увоз на горива и доволни домашни резерви на енергенси, со што снабдувањето на пазарот се одвиваше непречено во текот на целиот кризен период. Особено значајно е што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект со исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата. Во тек е изградбата на гасната интерконекција со Грција, а активно се работи и на реализација на интерконекцијата со Србија. Со овие проекти Македонија добива нови алтернативни правци за снабдување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti